ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот октопод на СДСМ со своите пипци навлезе во секоја пора

Македонското општество се гуши во криминалот и корупцијата на власта. Криминалниот октопод на СДСМ со своите пипци навлезе во секоја пора.
Инволвираноста на високи државни и партиски функционери на СДСМ во случајот „Рекет” е евидентна. Сега веќе е очигледно дека невладината органиција на Боки 13 е замешана во сомнители трансакции, а во неа членуваат видни фунцкионери на СДСМ и луѓе блиски до власта. Се потврдуваат сите сомнежи во јавноста за криминалот и корумпираноста на овие луѓе.
Главата на овој криминален октопод е Зоран Заев, човек кој три пати е аболициран за тежок криминал. Каде завршија 750-те илјади евра кои биле подигнати од госпоѓата чија е идејата за изградба на станови? Оваа госпоѓа тврди дека парите и биле земени од луѓе кои се дел од невладината организација на Боки 13. Дали овие пари завршиле кај високите функционери на СДСМ кои се дел од сојузот?
Тоа не е се, на сметка на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски завршиле и 233 илјади евра исплатени од градежна фирма од Струга, каде се овие пари?
Дали функционери од СДСМ добивале пари од овие сомнителни трансакции?
Обвинителството мора да почне да си ја врши својата работа и да ги истражи овие индиции. Правосудните органи мора да се ослбодат од пипците на октопод, бидејќи во спротивно тие стануваат дел од оваа криминална банда.
Правдата во Македонија ќе се врати кога Зоран Заев ќе стане политичка историја. Кога ќе заврши тажната политичка кариера на овој човек ќе одговараат сите кои се дел од ова криминално здружување на чело со главата на октоподот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
