ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието
Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието.
Димитар Ковачевски, спротивно на закон ги постави на политички позиции Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн и Ана Маркова Данева, продекан на медицинскиот факултет.
Ковачевски спротивно на закон ги поставил Ралев и Маркова Данева во ИО на СДСМ, а тие двајцата спротивно на закон прифатиле и со тоа се компромитирале и себе и факултетите кои ги претставуваат како нивни први лица.
Како челници на своите матични факултетите Ралев и Маркова Данева за да не ги компромитираат установите од кои што доаѓаат треба веднаш да си дадат оставки на позициите во образованието кои што ги држат, но и да си дадат оставки и во ИО.
Ако Ралев и Маркова Данева ги почитуваа законите, тие или немаше да прифатат да членуваат во ИО на СДСМ, или ќе си дадеа оставки од деканските места уште пред да бидат именувани на позиции во СДСМ.
Со секој поминат ден на чело на факултетите, Ралев и Маркова Данева го деградираат образованието и го компромитираат, со што нанесуваат трајна штета.
Ново на Сител
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија