ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски треба да прифати дека има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ

Ковачевски треба да прифати дека има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ, да не вреска од говорници, туку да дозволи да се провери неговата деловна способност
Дезертерот Ковачевски веќе не знае што и како зборува. Колку повеќе јавноста се интересира за тоа како го одбегнал воениот рок со дијагноза трајно неспособен, тој станува повеќе нервозен и жолчен. Очајните испади и навреди се резултат на тоа што веќе јавноста виде со каков дезертер и лажов си има работа.
Еднаш ја лажеше јавноста дека заради школувањето не служел војска, па после дека имал серија хируршки интервенции, па сега дека имал проблем со стомакот.
Што од сето ова е точно или сето ова е лага.
Единствено кое е вистина е дека дезертерот Ковачевски има тапија за трајна неспособност. Вистина е дека кога илјадници беа на првите редови на одбраната на суверенитетот на Македонија, Ковачевски избегнал служење на воен рок. Вистина е дека безочно ја лажеше јавноста и вистина е дека постојат основани сомненија дека трајната неспособност може е и деловна неспособност, што мора итно да се провери. Впрочем и во неговата партија веќе се сомневаат во него, па почнуваат да му даваат совети за ориентација.
Наместо да се пенави врескајќи и навредувајќи од говорници, Ковачевски треба да ја прифати вистината за тапијата за трајната неспособност и да дозволи да се провери дали таа влијае врз неговата можност на нормално вршење на премиерската функција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
