ВМРО-ДПМНЕ: Кога 175 мерцедеси за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра?
Што ќе рента Османи за 900.000 евра? Кога 175 мерцедеси С класа за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра?
Не треба некој да е посебно навлезен во економија за да сфати дека Бујар Османи со тендерот за рентирање на 175 возила од 900.000 евра очигледно некого дебело ќе „омрси".
Кога ќе се погледнат сајтови на рент а кар агенции низ Европа, се доаѓа до заклучок дека луксузно возило како Мерцедес С класа, кое се смета за класа во која се возат највисоки гости се рента за 450 евра од ден, т.е. за два дена 900 евра. Кога ќе се помножи цената за рентање Мерцедес С класа со бројот на возила кои ги побарува Османи ќе се добие 157.500 евра, сума која е 6 пати пониска од тоа што го дава Османи.
Уште потрагично е кога ќе се види дека патничко моторно возило - комбе со 7+1 седиште се рента од 45 до 70 евра на ден.
Кога најлуксузни возила може да се изнајмат за 450 евра од ден, што тогаш Османи ќе плаќа 6 пати поскапо?
Очигледно е дека Османи и ДУИ треба да заминат во опозиција, колку повеќе се на власт, толку народот е се посиромашен.\
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка