ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Ковачевски - Арсовска го ограбува народот преку тендери
Коалицијата Ковачевски - Арсовска го ограбува народот преку тендери, а го труе со загаден воздух, итни мерки за намалување на загадувањето.
СДС и Арсовска само си ја префрлаат топката во врска со мерките кои треба да се преземат, но ништо конкретно нема.
Плод на соработката Ковачевски Арсовска е директорот на ЈСП Александар Стојковски, кадар на СДС, кој го потпиша договорот за набавка на гориво 27 милиони евра без вообичаениот рабат, со што е оштетено претпријатието за 1.5 милиони евра.
Доколку имаше рабат, ќе имаше 1.5 милиони евра повеќе во касата на ЈСП, пари доволни за да се покрие долгот кон приватните превозници, кои не сообраќаат веќе, и има помалку автобуси на улиците низ Скопје во ек на најголема загаденост во Скопје.
Како што договориле Ковачевски и Арсовска, да постават директор на ЈСП, или како што договараат матни зделки, така нека договорат и реални и ефективни мерки.
Не може плод на нивната соработка да бидат бизнисите, а скопјани да се гушат, зошто тие немаат интерес во решавање ма тој проблем.
20 милијарди евра низ буџети се потрошени, во изминативе 7 години, а ниту едно евро за почист воздух, затоа потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина на државата и народот.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Сончево и многу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Голем бод за Македонија против Белгија