ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест за промени
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечер во Скопје ќе одржи протест за промени преку кој повторно ќе испорача барање за одржување предвремени парламентарни избори.
Протестот е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата.
Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите.
Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, упатувајќи критики до власта за неспособност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојат пораст на цените и висок процент на инфлација, зголемување на јавниот долг, неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ…
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вчера во видео обраќање по повод роденденот на партијата истакна дека го одбележуваат во знакот на промени. – Испраќам порака на обединување против лошата власт и владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе, рече Мицкоски.
Премиерот Димитар Ковачевски, пак, за утре најави средба на коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која рече дека меѓу другото ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година заедно со претседателските.
Според Ковачевски, тоа ќе биде позитивна средба на која, како што кажа, граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и Влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на се она што треба една Влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа, вели, е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи, како што рече, „таму единствено гледаме деструкција и блокирање“
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
