ВМРО-ДПМНЕ: Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист

Со Заев иднина е невозможна, исто како и ЕУ.
Се што направи Заев е уништување, на она што со векови и децении е градено. Заев успеа за 4 години да ја урниса државата. Нема владеење на правото, има криминал и корупција. Нема квалитетно образование, имаме студентски кои прокиснуваат. Нема бесплатно здравство, имаме пациенти кои примаат терапија во иста просторија со починати лица.
Заев да имаше малку лице ќе си поднесеше оставка уште кога добивме вето за отпочнување на преговорите со ЕУ.
Со ветото за ЕУ пропаднаа сите ветувања на Заев, тој тврдеше дека се решени сите прашања со соседите, а сега гледаме нови ултиматуми, но и дека ќе влеземе во ЕУ, а сега гледаме дека сме подалеку од ЕУ од кога било.
Во ЕУ не се оди со скапи мотори, додека народот нема леб да јаде, додека секој 4 Македонец е на раб на сиромаштија, додека државата има долг од над 60% од БДП, додека имаме неодговорност за криминал и корупција, во случаи каде постои сомнение за вмешаност на врвот на власта.
Со Заев ЕУ е невозможна мисија. Со Заев нема иднина.
Ново на Сител
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
