ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот во здравствениот систем е се повеќе очигледен

Хаосот во здравствениот систем е се повеќе очигледен. Народот виде дека Заев и Филипче донесоа црнило во здравството.
Во предизбориетo Заев ветуваше бесплатно лекување за сите граѓани на Република Македонија. Токму тоа Заев го има ветено на митинг на 2 декември 2016 година – „Ви реков болничко лекување ќе биде бесплатно за сите. За секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда“. А, сега делумно го обезбедува за одредени групи граѓани. Очигледно манипулацијата му е главна алатка. Македонскиот народ нема кратко паметење.
Со самиот почеток на оваа година не само што сите граѓани не добија бесплатно болничко лекување туку и се зголеми партиципацијата. Врз основа на самата партиципација која што ја плаќаат пациентите е покачена за дури околу 20-30%, тоа значи дека пациентите ќе плаќаат поскапо.
Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и Филипче за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на здравството, стои во соопштението испратено од ВМРО - ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
