Македонија
12. July 2016 - 17:23

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е политичар со највисок рејтинг и ја има довербата на народот

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги демантира пишувањата на, како што наведуваат, медиумите под контрола на СДСМ-Сорос за наводна смена во врвот на партијата. 

- Претседателот Никола Груевски ја има целосната доверба на партиските структури. Во моментов тој е политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба меѓу народот. Никола Груевски е политичарот кој 10 години наназад добива најголема поддршка на изборите. СДСМ - Сорос ќе се уверат и на претстојните избори дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна политика, стои во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека дезинформациите раширени во медиумите на, како што посочуваат, СДСМ - Сорос, се само пуста желба на, наведуваат, аболицираниот криминалец Зоран Заев кој мисли дека би се спасил од нов изборен пораз доколку пласира невистини за наводна смена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.