ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните стануваат се посиромашни и живеат се потешко
Вработените од Еурокомпозит не поставија шатори пред владата за да ги прославуваат манипулациите на Зоран Заев, туку протестираат заради тоа што не може да ги прехранат сопствените семејства.
Вработените од Југохром две години ги слушаат лагите на Заев за економскиот бум и рестартирањето на комбинатот, но оставени се самите на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Синдикатите во сабота организираат протести не заради растот со кој што се фали Заев туку за да се овозможи достоинствен живот за работниците.
Граѓаните стануваат се посиромашни и живеат се потешко. Животот поскапува, акцизите се зголемуваат, даноците раснат, а нема повисоки пензии, ниту плати. Заев ја задолжува државата со стотици милиони евра, кои завршуваат по приватни џебови, а не во капитални инвестиции кои целосно колабираа.
Ова е тажната слика на македонската економија. Само Заев и Анѓушев може да бидат среќни бидејќи нивните бизниси и личното богатство се зголемуваат.
Не е неочекувано бруто домашниот производ да пораснал во првиот квартал, но тоа главно се должи на катастрофалниот прв квартал минатата година. Доколку Заев и Анѓушев продолжат да се занимаваат само со местење на тендери, нема да биде изненадување, растот во останатите квартали да се сведе на нула.
Намалувањето на невработеноста може да го зачуди само оној кој не ги видел полните автобуси со млади и работоспособни луѓе кои ја напуштаат Македонија. Тешко да има човек кој нема свој близок што заминал во странство по корка леб. Цели семејства заминуваат, а цели региони опустошуваат заради неспособноста на оваа влада. Мала утеха за оние кои ги испратиле своите најблиски на печалба е фалењето на Заев дека заради напуштањето на земјава, тој успеал да ја намали невработеноста.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка