ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори

Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори. Никој повеќе во државата не може да го игнорира расипништвото и арамилакот на власта. Потребно е СДСМ да си замине, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта која за само една година ја задолжи државата и идните генерации за нови 450 милиони евра, а притоа нема ниту една позначајна капитална инвестиција, не може да ја води Република Македонија напред, туку само назад. СДСМ за само една години со своето расипништво го зголеми јавниот долг нa над 5.2 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Власта треба да одговори на што се потрошени овие пари, кога нивото на реализација на капитални инвестиции е на рекордно најниско ниво од очајни 65%? Лудилото не запира тука. Власта која ја задолжи државата за неверојатни 450 милиони евра за една година без да направи било што за државата, сега лаже и вели дека ќе изгради нов Клинички центар за 480 милиони евра, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека власта која поништи веќе готов проект со обезбедени пари за Клинички центар кој ќе ја чинеше државата 4 пати помалку или 120 милиони евра, сега манипулира со 4 пати повисока сума, за проект чиј старт е неизвесен.
-Доколку СДСМ не го прекинеше проектот за изградба на ВМРО-ДПМНЕ до сега истиот ќе беше до половина реализиран, а неговото пуштање во употреба ќе беше за две години од сега. Поради СДСМ се ова е прекинато и нов Клинички нема, а тешко дека во догледно време и ќе има. Власта која расипнички се однесува со парите на граѓаните не заслужува да биде власт и мора да си замине. СДСМ направи преголеми штети за државата и затоа потребни се итни и неодложно предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
