ВМРО-ДПМНЕ: Глас за Пендаровски е глас за Заев и неговиот криминален начин на работа
Стево Пендаровски е ист како Зоран Заев. Глас за Пендаровски е глас за Заев и глас за коруптивната шема по принципот – „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“.
Целата македонска јавност го виде Зоран Заев како бара мито од 1 евро по квадратен метар за легализација на земјиште, работа која е должен да ја заврши по сила на закон, а не за истото да бара мито. Самиот Зоран Заев во истото видео кажува дека секој бизнисмен кој легализирал земјиште претходно морал да плати мито.
Криминалната шема на работење од Струмица, Заев ја префрли на ниво на Република Македонија. Оттука глас за Пендаровски е глас за Заев и давање на легитимитет на криминалниот начин на работа.
Глас за Пендаровски е глас за три пати аболицираниот криминалец Зоран Заев. Глас за Пендаровски е глас и одобрување на криминалот со „Глобал“ тежок 8 милиони евра. Глас за Пендаровски е глас за аферата „Поткуп“ и одобрување на целото мито земено од Заев. Глас за Пендаровски е глас за одобрување на референдумскиот поткуп, кој Заев пред камери го призна.
Граѓаните сакаат промени. Граѓаните сакаат крај за криминалниот начин на владеење.
Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за промени. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за право и правдина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата