ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ профитерска за три дена, три различни лаги за респираторите, ВМРО-ДПМНЕ беше во право за набавката на респираторни машини

Тендерот е поништен затоа што ќе беше очигледен криминал.
Венко Филипче и Владата на СДСМ профитерска по кој знае кој пат се фатени со рацете во медот, ВМРО-ДПМНЕ беше во право за тендерот за набавка на респираторни машини, а реакцијата на јавноста го запре милионски криминал.
ВМРО-ДПМНЕ беше во право за тендерот за здравство.
Во услови на вонредна состојба и светска епидемија на коронавирусот криминалната банда на власт наместо да се бави со зачувување на здравјето на граѓаните се бави со криминални тендери во четири очи, милионски провизии и класично профитерство.
ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи работата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден денар од буџетот на Република Македонија да биде потрошен залудно или да заврши во џебовите на фунцкионери од власта. Во овие моменти секој денар е важен, македонската економија е пред колапс, илјадници луѓе на дневна основа остануваат на улица и без основниот приход. Потребни се итни мерки за финансиска поддршка на стопанството и граѓаните, а не крвави тендери за богатење на малкумина од врхушката на власта.
Ваквото шокантно однесување на власта ни малку не влева доверба кај граѓаните дека имаат намера и се способни да се спасат со оваа досега невидена криза за Македонија, но и светот.
Три дена, три различни лаги од Филипче за респираторите.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
