ВМРО-ДПМНЕ: Економска неспособност на власта е подеднакво опасна како и корона вирусот
СДСМ донесе само сиромаштија и рецесија.
СДСМ ветуваше економски бум, капитални инвестиции, но од тоа граѓаните ништо не видоа.
Економска неспособност на власта е подеднакво опасна како и корона вирусот.
Власта во 2020 година се задолжи една милијарда и 600 милиони евра, што тоа е историски највисоко задолжување во независноста на Македонија.
А, за 2021 година проектира некаде околу 568 милиони евра задолжување, што се заедно за две години е милијарда и 600 милиони евра колку што сите влади претходно заедно не се задолжиле во независна Македонија.
Република Македонија неколку години наназад е земја без просперитет и перспектива, граѓаните секојдневно остануваат без работа, младите бараат излез и спас во земјите низ Европа и светот, но за Зоран Заев тоа е само показател дека Македонија блеска.
Падот на економијата е еден од најголемите во Европа, над 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден. Заев наместо да дели лекции по економија треба веднаш да си поднесе оставка, бидејќи тоа е единствениот излез на Македонија за подобра иднина и економија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов
-
На лузните од изгореници им треба време да заздрават
-
Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
-
Преглед на вестите од светот