ВМРО-ДПМНЕ: Единствен успех на СДСМ е што граѓаните земаат најниска просечна плата на Балканот

Единствен успех на СДСМ за овие три години е што граѓаните на Република Македонија земаат најниска просечна плата на Балканот.
Со празните соопштенија на СДСМ не може да се сокрие фактот дека повеќе од 500.000 граѓани денот го поминуваат со еден оброк, односно животот го поминуваат во сиромаштија.
Вештачкото покачување на минималната плата не е доволно, бидејќи јавна тајна е што илјадници граѓани кои земаат субвенцинионирана минимална плата го враќаат делот од плата субвенциониран од државата назад кај работодавците.
Граѓаните не забораваат дека причината за високата невработеност која што со години не може да се доведе на нормално ниво е токму поради криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ.
Капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво, реализацијата на буџетот изминатите три години го достигна дното.
Годината која Зоран Заев ја најави како економска бизнисмените ја прогласија за најлоша во историјата на независната Македонија.
По 12-ти април ќе започне обновата на Република Македонија, граѓаните ќе добијат реални мерки со кои што нивниот живот ќе се подобри.
Зоран Заев никогаш повеќе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
