ВМРО-ДПМНЕ: Државата задолжена за нови 7.1 милион евра

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја задолжија државата за нови 7.1 милиони евра.
Додека го продава името Заев не пропушти да ги задолжи граѓаните.
Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%. Тоа значи дека за земените 7.1 милион евра за 15 години ќе вратиме 3.2 милиони евра само за камати. Заев зема 7.1, а ќе треба да се вратат 10.3 милиони евра.
Картелот ја задолжува државата без реална потреба. Расипништвото на власта само за првите 3 месеци од годината ги чинеше граѓани 300 милиони евра нов долг. Од тогаш долгот само се зголемува.
Заев ја фрла ги фрла идните генерации во должничко ропство. За првпат во историјата на Република Македонија со СДСМ јавниот долг надмина 5 милијарди евра, додека државниот долг надмина 4 милијарди.
Милиони долг, а ниту еден проект. Картелот нетранспарентно ја презадолжува државата без да им каже на граѓаните на што ги троши парите кои ќе ги враќаат идните генерации.
Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја уништуваат државата. Додека го менуваат името, вршат и економски геноцид врз сопствениот народ. Државата повеќе од 1 година тоне. Безнадежноста и немаштијата со Зоран Заев на власт стануваат наше секојдневие.
Повеќе од 1 година граѓаните се ограбуваат, а државата се понижува. Овој криминал не смее да продолжи. Државата мора да се врати на правиот пат. Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи.
Ново на Сител
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
