ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДСМ ги фали инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што не донесе ниту една нова
Добро е што СДСМ ги фали инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што СДСМ не донесе ниту една нова.
Да не беа политиките на ВМРО-ДПМНЕ, инвестицијата на Дрекселмајер во Куманово немаше ниту да се случи.
Ниските даноци, поволностите за инвестирање, политиките за промоција на факултетите од полето на природните науки со цел продуцирање високо квалитетен кадар кој лесно ќе најде работа, добрата инфраструктура, се само дел од поволностите кои беа причина за доаѓањето на Дрекселмајер, Кромберт и Шуберт, Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Амфенол, Ван Хол, Костал, Меркарт, Кемет електроникс и многу други, кои генерираат огромни приходи и вработуваат десетици илјади наши сограѓани.
СДСМ ги критикуваше мерките, за сега да се фали со нив, и да се фали со инвестициите кои дојдоа заради политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Но за жал Македонија 5 години застана. Нема развој, нема инвестиции. СДСМ не донесе ниту една нова инвестиција. Да беше ВМРО-ДПМНЕ до сега ќе имавме уште десетици нови инвестиции и десетици илјади нови вработувања.
Граѓаните јасно ја гледаат разликата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
“Спорните” договорци на Токсикологија незаконски добиле плата само со потписот на Бесија Иљази
-
Кога Клинички ќе добие нова компресорска станица?
-
Поскапува струјата?
-
Преглед на вестите од светот
-
Комисијата ги предложи Милошоски, Митрески и Бендевска да бидат нови потпретседатели на Собранието
-
УГД-Штип дел од Европската универзитетска алијанса
-
Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот пат на земјите од регионот
-
Петар Арсовски - гостин во Тема на денот