ВМРО-ДПМНЕ чека брз влез во НАТО и преговори со ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува средбите и телефонските разговори кои ги имаше Заев со челниците на поважните држави од меѓународната заедница на кои доби поддршка за реформите кои вети дека ќе ги спроведува и кои треба што поскоро да резултираат со членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
- Сега на потег е Зоран Заев и неговата влада. Сега треба да ја прими поканата за членство во НАТО и датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ. Сега веќе никој не може да каже дека проблемот е во ВМРО-ДПМНЕ или нашите меѓународни партнери од ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, без можност да одлучува за идните владини чекори, а СДС има мнозинство во Собранието, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
САД, Германија, Франција, Велика Британија и останатите, како што се наведува, изјавија дека се подготвени да ја поддржат Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО.
- Заев пред изборите говореше дека во рок од шест месеци ќе ја добиеме поканата за НАТО и ќе добиеме датум за преговори, нешто што е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе нема никаков простор да се говори за некакво одмрзнување на замрзнати препораки. Сега се е во рацете на Зоран Заев и нема простор за изговори. Треба да го искористи моментот и да ја внесе земјата во ЕУ и НАТО веднаш, час поскоро. ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот ќе гласа за членство во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека чекаат брз влез во НАТО и преговори со ЕУ, што поскоро и без одложување.
Ново на Сител
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти