ВМРО-ДПМНЕ: Аферата Броило наликува на злосторничко здружување со сите нишани
Јавното обвинителство треба да отвори случај и да го испита целиот соларен картел на Ковачевски, тежок 26 милиони евра.
Јавното обвинителство треба да ги земе предвид следните факти.
Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов заедно ја основаат фирмата Пиксел груп која е во центарот на соларниот картел и аферата Броило.
Оваа компанија е основана само 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година.
Од 2019 до 2021 година оваа компанија добива над половина милион евра државна помош, при што половина од времето Ковачевски е на функција.
Најголемата сума на државна помош, од над 200 илјади евра фирмата добива ден откако Ковачевски е избран за мандатар.
Дополнително, КМГ ЕОЛ Квазар, фирма основана од ортакот и кумот на Ковачевски зема скоро 2 милиони евра државни тендери. Тендерите се за поставување на фотоволтаични панели кои ги произведува Пиксел груп, основана од Ковачевски. Додека Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот склучува договор за испорака и монтирање на фотоволтаични панели во вредност од над 2 милиони евра.
И на крајот, 4 месеци откако Ковачевски станува премиер, фирмата која тој ја основал се заортачува со бугарска компанија и заедно градат фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра. Патем во овие зони важат повластици,а според информациите во јавноста и ќе конкурираат за државна помош.
Ова наликува на злосторничко здружување по сите нишани. Износите се милионски, лице основач и близок до фирмата е на високи државни позиции, има можност да тргува со влијание, кумот ги води бизнисите, а броилото врти ли врти во време на криза кога останатите едвај врзуваат крај со крај.
Јавното обвинителство треба да ги земе сите овие факти во предвид и да не чека, туку веднаш да ги испита и да утврди кој и како работи за личните и бизнис интереси, наместо за државните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин
-

Предупредување од ЕК: Спорниот туристички проект може да го загрози патот на Албанија кон членство
-

Топло утро, нестабилно попладне: дожд, грмежи, засилен ветер и температури до 33 степени
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
