ВМРО-ДПМНЕ: 7 години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, Спасовски не презема ништо, оставка веднаш
Македонија и Скопје се небезбедни со Оливер Спасовски и СДС.
Нема месец да не се случи некоја пресметка или убиство во центарот на Скопје.
Седум години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не само што не презема ништо за да фати криминалците, туку и не убедува дека граѓаните се безбедни.
Македонија е единствената држава каде што криминалците се штитат од власта, наместо истите да бидат санкционирани.
Оливер Спасовски и МВР не можат да обезбедат мир.
Уште колку криминални пресметки и убиства треба да се случат за Спасовски да понесе одговорност и да си ја потпише оставката?
Ако Спасовски не сака, тогаш Ковачевски веднаш да го разреши од функцијата министер за внатрешни работи.
Сред бел ден криминалците се пресметуваат, а Спасовски си тера пи-ар и се спрема за претседателски избори. Спасовски не може да го води едно министерство, а не пак цела држава.
И наместо Спасовски и МВР да бараат помош од граѓаните да го пријават лицето кое пукало во Ист Гејт, нека ги праша неговите сопартијци и коалициски партнери од ДУИ, кое е лицето, бидејќи изминатите 4 години токму тие имаат најмногу фотографии со криминалците од подземјето.
Важно е да дојде до промена на власт, за да има ресет на цел безбедносен систем.
Важно е да се обезбеди сигурност, мир и безбедност за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност