Македонија
3. May 2023 - 9:07

ВМРО-ДПМНЕ: 45.000 работници не земале плата, затоа што СДС и ДУИ ја урнисаа економијата

45.000 вработени не земале плата, но затоа Ковачевски и Груби ќе носат 70% странски работници за работа на коридорите.

45,000 вработени  се уште немаат земено плата за февруари и март, вели официјалната статистика на УЈП.

Овие работници работат во фирми кои го полнат буџетот преку даноци, царини и акцизи, и со тие пари се плаќаат договорите за кои власта тврди дека не смее да ги видат истите тие работници, бидејќи се деловна тајна.

И додека со нивни пари владата плаќа пенали и аванси, 45.000 работници не земале плата, затоа што СДС и ДУИ ја урнисаа економијата и фирмите крпат од први до први, да платат даноци и поделат плати. Владата со ништо не им помага ниту на фирмите, ниту на работниците, ниту пак влијае позитивно на бизнис климата.

Владата не само што не работи за Македонската економија, туку работи на штета на истата.

Потребни се промени за народот да има подобра иднина.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ