ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани

Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за евентуално дополнително сместување повредени во пожарот во Кочани доколку има потреба, јави дописникот на МИА од Белград.
„И за оваа задача што ја извршивме, сите мои колеги доброволно се пријавија, доброволно учествуваа во транспортот, кој е еден од комплицираните облици на транспортирање такви пациенти, па доколку има потреба - стоиме на располагање и тука сме повторно да им помогнеме на народот во Северна Македонија“, изјави за РТС потполковник Горан Рондовиќ, анестезиолог од Клиниката за анестезија и интензивна нега на ВМА.
Тој додаде дека 30 пациенти повредени во пожарот се на лекување во Србија, од кои 12 се лекуваат во военото здравство, а останатите во цивилниот здравствен систем.
„Станува збор за изгореници предизвикани од ефектите на висока топлина и повреди од вдишување, што се распространети кај поголемиот дел од повредените во оваа трагедија, бидејќи тие беа затворени во запалениот простор и изложени на висока топлина“, рече Рондовиќ.
Според него, тешко да се предвиди времето на опоравување на пациентите, но дека нивното закрепнување, доколку нема компликации, може да се очекува најмалку за недела или две.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
