-->
-->
Влатко Ѓорчев се сретна со Мајк Помпео
-->
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп оствари средба со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.Средбата на Ѓорчев со Помпео доаѓа по неговата кандидатура за претседател кои ќе се одржат оваа пролет.
Изминативе денови, еден од претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се сретна и со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп.
„Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп.
За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи.
Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија“, напиша Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
