-->
-->
Влатко Андоновски и официјално е селектор на женската репрезентација на САД
-->

Mакедонецот Влатко Андоновски ја официјализираше соработката со фудбалскиот сојуз на САД, и беше наименуван за селектор на женската репрезентација која е светски шампион.
Ова е огромна чест за нашинецот кој е деветти селектор во историјата на женската селекција на САД. Претставувањето на 43-годишниот Андоновски ќе биде во Њујорк. Тој во 2000 година се пресели во САД, со сопругата Билјана и трите деца живеат во Канзас сити, а седум години работи во женскиот фудбал во САД, има и две титули.
Дебито како селектор на екс играчот на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, ќе му биде на 7 ноември во Колумбус на пријателска средба против Шведска, додека кон крајот на јануари има квалификации за Олимписките игри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
