Бизнис
3. February 2019 - 16:12

Власта тврди дека ги решава долговите на лозарите, опозицијата не и верува

СДСМ ги решава наследените проблеми, велат од партијата. Одлуката од државниот буџет да се исплати долгот на приватните винарници кон лоозарите според нив е пример за вистинска грижа за земјоделците и граѓаните кои работат напорно и чесно заработуваат.

„Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година. Со решението, државата обезбедува над 1.5 милиони евра кои ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион. Преку измени на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да се најдат пред пратениците во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите“, вели Бетиеане Китев, пратеник од СДСМ.

Китев вели дека државата отккао ќе ги обештети лозарите, парите ќе си ги побарува од винарниците кои ги направиле долговите. Ги повика сите пратеници да го гласаат законот кој на Владата ќе помине во четрток.

Од опозицијата пак, не и веруваат на власта. Велат дека секој земјоделец треба и мора да ги добие парите за својот труд и за својата работа, но праксата вели дека она што СДСМ и Николовски ќе им го ветат на земјоделците или останува празно слово на хартија или делумно се реализира.

„Лозарите во неколку наврати беа излажани од оваа власт. Иако владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за 100 % обесштетување за мразот со доаѓањето на СДСМ  на лозарите им беа дадени само потценувачки 5%. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи решавањето на проблемот на лозарите, ќе биде во контакт со граѓаните и заедно ќе интервенираме врз законските измени со цел да се гарантира реалната исплата на трудот и работата на земјоделците“, стои во соопштението.

Оваа одлука на Владата со буџтески пари да покрива долгови е втора неделава. Претходно почна исплатата кон приватните пензикси друштва кои останале покуси за 19 милиони евра затоа што од ПИОМ не префрлале пари за осигурениците.

Истовремено, државата најави можност за бришење на долговите за струја направени до 2006 година за околу 200.000 граѓани во висина од над 100 милиони евра.