Власи: Косово ќе беше дел од Србија, ако не му беше укината автономијата

Косовскиот адвокат и поранешен комунистички функционер Азем Власи оцени дека Косово денес ќе беше дел од Србија, доколку поранешниот српски претседател Слободан Милишевиќ не и ја укинеше автономијата на тогашната покраина.
Власи за весникот „Ало“ изјави дека Милошевиќ „газел по Југославија“, водел неразумна политика и со својата ароганција кон Косово и Албанците предизвикал хаос.
- Поради Милошевиќ и неговата политика бегаа од Југославија, тој ја погази автономијата на Косово и Албанците повеќе ништо не сакаа, нагласи Власи.
- Да не го направеше тоа можеби Косово и денес ќе беше во Србија и немаше да дојде до војна. Знаете, да зборувам искрено, ние Албанците некогаш не и припаѓавме на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), секогаш сме били со сила туркани во неа, заклучи Власи.
Ново на Сител
-

СП 2026: Бразил убедлив против Шкотска
-

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал
-

Зеленски: Во Белорусија деактивирани релејни антени, користени за напади со руски дронови
-

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела
-

ФЗОМ ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови во периодот 2023–2025
-

На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање
-

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
