Владината коалиција ќе го задржи уставното мнозинство во чешкиот Сенат

По вториот круг на изборите за една третина од составот на чешкиот Горен дом - Сенатот, кој во својот состав има 81 претставник, актуелната владина коалиција ќе има уставно мнозинство за кое се потребни 49 сенатори, јави дописникот на МИА од Прага.
Коалицијата составена од партиите на Социјалдемократите (ЧССД), Демохристијаните (КДУ-ЧСЛ) и движењето АНО освоија вкупно 14 мандати од кои најмногу, девет, демохристијаните.
Сепак мнозинството е само симболично, со оглед на тоа што владината коалиција нема слично мнозинство во Собранието и за воведување на уставни промени има потреба и од гласовите на опозицијата.
И покрај губењето на десет мандати, левоориентираната ЧССД со 25 сенатори ќе го задржи мнозинството во Сенатот. Демохристијаните или нивната поддршка како коалиција ќе ја имаат 15 сенатори, додека АНО ќе има седум претставници во Горниот дом на чешкиот Парламент.
Во Собранието, во чиј состав членуваат 200 пратеници, уставното мнозинство го сочинуваат 120 пратеници.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
