Македонија
27. September 2017 - 13:42

Владимир Ристов: По победата на ВМРО-ДПМНЕ најголема обврска на општина Струмица ќе биде да ги задоволи потребите на младите

 

Кандидатот од Советничката Листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија – Владимир Ристов ги промовираше дел од проектите во програмата.

-Младите на струмица го докажаа својот потенцијал на секое поле и добиват признанија од сите. ВМРО-ДПМНЕ умее да препознае потенцијал; Знае дека единствено со идеите на чесни и работливи млади луѓе може да ја започне Новата ера. Одржавме средби и трибини каде што младите со љубов кон општина Струмица со свои предлози и проекти ја изградија Програмата за нашиот настап на изборите. Така, сите заедно од идеја до реализација го потврдуваме нашето мото: Секогаш Работа – Секогаш Македонија, истакна Ристов.

Потенцира дека веднаш по победата на ВМРО-ДПМНЕ, најголема обврска на општината ќе биде да ги задоволи потребите на младите и да го подобри квалитетот на нивниот живот преку нивно активно вклучување во локалната заедница.

-Ќе поддржиме младински невладини организации во сите области на дејствувањето. Ќе промовираме и поддржиме волонтерска работа со цел да им помогнеме на младите полесно да дојдат до вработување. Ќе изградиме нова современа читална со цел да им помогнеме на учениците и студентите во секојдневните обврски на образованието.  Општината ќе обезбеди средства за субвенционирање на младите за полагање на возачкиот испит. Изборот ќе се врши на транспарентен начин, за што ќе се донесе правилник со критериуми, рече Ристов.

Вели дека општината со низа иницијативи и програми ќе го помага и стимулира рекреативниот и професионалниот спорт.

-Програмата предвидува зградба на спортско рекреативен комплекс на влезот на градот Струмица, изградба на современа велосипедска патека со посебна подлога која покрај градското подрачје ќе го опфаќа и потегот помеѓу Куклиш и Банско, изградба на тениски терени во Струмица со современа подлога согласно со светските стандарди, поддршка на талентирани и успешни спортисти преку зголемување на буџетот на општината за спортските активности, градоначалникот, финансиски и институционално ќе ги поддржи културно- забавните манифестации со што ќе се подобри културно-забавниот живот,посочи Ристов.

Истакна дека тие почнале позитивна кампања во која секојдневно ја имаме поддршката од сериозни и искрени млади луѓе.

-Во нашите настани младите имат можноста да се запознат со Програмата и директно да остварат средба со советниците и кандидатот за Градоначалник господин Марјан Бајрактаров. Како врсници на независноста на татковината знаеме дека никогаш не беше лесно и дека секој интелигентен млад човек разбира дека ова не се само локални избори. Нашата задача и овој пат е голема и важна: секој да ги убеди своите познаници и пријатели дека: гласајќи за редниот број 13 пред Листата за Совет на Општина Струмица и Кандидатот за Градоначалник Марјан Бајрактаров заедно градиме подобра иднина, истакна Ристов.