Владимир Путин преживеал 50 обиди за атентат

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот режисер Оливер Стоун за обидите за атентат врз него и дека побарал совет од кубанскиот лидер Фидел Кастро како да преживее напад.
Путин наводно успеал да се извлече жив од 50-тина обиди за атентат, што ќе биде опфатено во документарниот филм што ќе го режира Стоун.
По разговорот со Путин, режисерот рекол дека е вистинско чудо што имало над 50 напади по животот на рускиот претседател, а овој не ја оспорил изјавата.
„Мислам дека немал толку напади колку врз Кастро, ама имало педесетина“, рекол Стоун.
Путин одговорил дека разговарал со Кастро на таа тема.
„Кастро ме праша дали знам зошто е уште жив, иако имало толку многу обиди за атентат врз него. Одговори дека тоа се должи на личната соработка со обезбедувањето“, истакнал рускиот претседател.
Тој нагласил дека тој си ја работи својата работаа, а членовите на обезбедувањето нивната и дека засега соработката е успешна.
Кастро, кој почина на 90 години, тврдеше дека врз него имало повеќе одд 600 обиди за атентат.
Објавените разговори меѓу Путин и Стоун се дел од специјалниот документарен проект „Разговори со Путин“ што ќе има премиера на 12 јуни на американската мрежа Showtime.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
