Владимир Чадиковски поднесе оставка во болницата на Жан Митрев
Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска поднел оставка во болницата на Жан Митрев, каде е во работен однос од февруари годинава. Чадиковски за Сител ја потврди информацијата и рече дека оставката веќе е депонирана. Неофицијално, дознаваме дека деновиве од кај Жан Митрев ќе заминат и останатите членови од тимот кои заедно со Чадиковски преминаа во приватната болница. Засега нема информации каде ќе продолжат со работа.
Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург, по 21 година поминати на Клиниката за детска хирургија, премина во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови. Таков беше договорот меѓу државата и болницата на Жан Митрев а Фондот ги покрива операциите.
Претходно имаше план државна детска кардиохирургија да има на скопските клиники, но откако тој план пропадна, се случи договорот со Жан Митрев.
Неофицијално, тимот предводен од Чадиковски, биле разочарани поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.
Ново на Сител
-

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната
-

Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта
-

Пад на индустриското производство во јануари
-

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток
-

ЈОРСМ оформи предмет по допрен глас за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Карпош
-

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
