Владиката Агатангел: И Пирин и Егеј се натопени со македонска крв
Го сменија името на Воден, ставија грчко име, на Лерин, на Костур, на Солун, сега сакаат на целата наша македонска земја да ѝ го сменат името или да додадат додавка, рече владиката Агатангел на вчерашниот протест за одбрана на името.
-Болката на нас, Македонците, е голема и продолжува. Нашата сакана земја македонска е распарчена на три дела – беломорска, пиринска и вардарска. Му благодариме на Гопода што ни го сочува овој вардарски дел, ни го даде за да можеме како народ македонски да се издигнеме духовно и да ги зачуваме спомените на нашите прадедовци кои лежат во нашата македонска земја. Секоја педа од македонската земја, и во Пирин и во Егеј, е натопена со македонска крв. Секој камен да го кренеш ќе го слушнеш плачот на каменот за пролеаната крв на нашите дедовци и прадедовци и на нашите браќа и сестри, рече владиката Агатангел.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори