Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.
Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи.
-Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции - Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева.
Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.
Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.
Ново на Сител
-
„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година
-
Трамп на Генералното собрание на ОН побара запирање на војната во Газа
-
Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед
-
Во вториот квартал нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра
-
Калас: Признавањето на Палестина нема да ја подобри хуманитарната состојба во Газа
-
79-годишник од скопско пронајден починат во неговиот дом
-
16-годишен штипјанец тепал друг малолетник со боксирач и тешко го повредил
-
Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат намалување на старосната граница за кривична одговорност на 12 години