Владата одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вредност од 53,4 милиони евра
Владата денеска на седница одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупна вредност од 53,4 милиони евра.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата денеска на продолжението на 12-тата редовна седница го разгледа извештајот на Агенцијата за странски инвестиции, дополнет со мислењето на Комисијата за евалуација за исполнетост на условите, за пристигнатите барања за склучување Договор за доделување финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Од извештајот на Агенцијата, потврдено со мислењето на Комисијата, на повикот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно Планот за економски развој и Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена или дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.
Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите,како што наведуваат од Владата, за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10 до 20 отсто, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра.
Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест