Владата на седница ќе ја разгледува безбедносната ситуација во Украина
Владата денеска ќе ја одржи редовната 16-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, како и Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, соопшти владината прес-служба.
Двете информации се предложени од Министерството за надворешни работи.
На предлог на Секретаријатот за европски прашања, пред министрите за разгледување ќе се најде и Информација за одржаниот седумнаесетти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионална политика, во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, одржан на 18 март 2021 година.
-За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:15 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
