Владата на денешната седница ќе донесе одлука за поддршка на овоштарите

Владата на денешната седница ќе ја усвои одлуката за дополнителна поддршка на овоштарите со шест денари за килограм праски предадени во преработувачки капацитети меѓу 12 и 30 јуни, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница.
Како што рече Заев, владината седница е закажана за 18 часот.
- Закажавме седница на Влада, ќе донесеме одлука за шест денари да им исплатиме на производителите на праска за да може четири денари да платат откупувачите, тоа се вкупно 10 и ќе го решиме комплетно проблемот што се појави поради мразот за што претходната влада ништо не направи. Директно ќе интервенираме со буџетски средства, истакна премиерот.
Согласно одлуката што беше најавена завчера од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, дополнителни шест денари би требало да добијат над 500 производители, односно ќе бидат откупени околу 400 тони праски кои едвај би достигнале пет денари по килограм.
Ново на Сител
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
