Владата ќе објави нов јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа

Владата на синоќешната седница донесе одлука да ја започне постапката за објавување јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во трите региони Скопскиот, Западниот и Источниот по пат на јавно приватно партнерство.
Со одлуката, како што прецизира советникот на премиерот Христијан Мицковски, се предвидува зголемување на концесијата од 20 на 30 години и намалување на приклучокот за граѓаните од 100 на 80 евра. Останатите средства ќе бидат субвенционирани од Владата.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата во изминатиот период беше фокусирана на изградба на магистралните правци и нагласи дека веќе е завршен гасоводот Штип – Клечовце, неодамна почна да се гради магистралната линија од Клечовце до Неготино, а наскоро ќе следи реализација и на линиите од Неготино до Битола, како и од Скопје до Гостивар преку Тетово.
Како што прецизира Ѓорѓиев, причина за објавувањето на новиот повик е новонастанатата ситуација на светскиот пазар на гас.
Ново на Сител
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
