Владата ќе ѝ ја одземе Универзална сала на Арсовска, ќе ја доправа Министерството за култура
Владата ќе му ги одземе ингеренциите за Универзална сала на Град Скопје и ќе ја продолжи реконструкцијата, пишува порталот СДК.мк.
На последната владина седница била донесена одлука Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжува реконструкцијата почната од нејзиниот претходник Петре Шилегов и објектот една година стои разурнат. Парите за реконструкција од 1,9 милиони евра се обезбедени од Владата.
Како што пишува СДК.мк денеска за оваа тема закажан е состанок во Град Скопје меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска. Доколку Арсовска не се противи Министерството да ја презема концертната сала, тогаш ќе се донесе одлука за преземање која треба да ја усвои Советот на Град Скопје. Но, доколку градоначалничката не сака да ги предаде ингеренции, тогаш Владата ја одземе со прогласување за објект од национален интерес.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
