Македонија
19. July 2019 - 16:42

Владата ќе ги договара со бизнис заедницата пакетите за заминување на административците

На административците ќе им се нудат  пакети за да заминат во приватен  сектор. Но  што се ќе содржат тие,  владата допрва ќе одлучуве заедно со бизнис заедницата. Процесот на префрлање работници од администрацијата во стопанството сеуште не е почнат и досега ниту еден работник од таму не заминал во приватна фирма. Mинистерот Манчевски очекува до крајот на годината  да има конкретна реализација на проектот.

Како дел од реформите во администрацијата е и редизајнирањето на веб страните на Владата  и на министерствата. Според Манчевски тие се стари, лоши и многу малку нудат информации за граѓаните.

За намалување на обемот на администрацијата и зголемување на нејзината ефикасност Манчевски уште лани најави дека до крајот на годнава на дел од административците ќе им биде оудено да одат во приватен сектот. Според последните податоци во јавната администрација се вработени 132 илјади лица,  а вкупно има 1314 институцаа.