Владата го усвои мини ребалансот на Буџетот
Повеќе пари за реализација на капиталните проекети во земјата и ревидирана прогноза за растот на БДП годинава. Ребалансот на буџетот помина на владина седница. Не се работи за голема корекација туку за мали поместувања затоа што буџетот за оваа година е во добра кондиција, вели министерот за финансии Зоран Ставрески.
Растот на БДП во првото тромесечие изнесуваше 3,2% и оценет е како солиден, но политичката криза во земјава и кризата во Европа заради случувањата во Грција се ризик за следниот период.
Приходите за првата половина од годината се поголеми за 14% споредно со истиот период лани или за 6 процентни поени повеќе од проекциите. Со ребалансот приходната страна се планира да се зголеми за 3,5 милијарди денари што главно се должи на подобрата наплата на даноците, на расходната страна зголемувањето е 5 милијарди денари, а најголем дел од нив ќе се трошат за капиталните проекти во инфратсруктурата образованието и здрватсвото.
Во буџетот за 2015 година предвидени се пари за ветеното покачување на пензиите од 5%, како и за исплата на повисоката социјална помош, субвенциите и другите трансфери.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
