Бизнис
30. јуни 2017 - 20:50

Владата бара решение за Македонски железници и Еурокомпозит

Владата ќе помага сметката на МЖ Транспорт да не биде блокирана а вработените да можат редовно да примаат плата. Енергетските компании претходно се заканија со присилно извршување на долг стар 10 години.

Донесена е одлука да се препорача железница  во наредниот период на одделни средби со енергетските компании да најдат заедничко решение за враќање на долгот..

На  ваквата владина одлука реагираа и од  ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму велат дека одлуката не е решавање на проблемот туку префрлање на одговорноста.

- Имено тие препорачаа на претпријатијата МЕПСО и ЕЛЕМ да направат состаноци со раководствата на компаниите загубари и да изнајдат решение за долговите. Ова се вика префрлање на одговорност. Она што СДС и нејзината влада го прави е  популизам и ставање под тепих на проблемите. Ваквата неодговорност и неспособост не ги решава проблемите само ќе ги продлабочи. Со ова однесување останува неизвесна судбината на Eуврокомпозит и МЖ Транспорт, се вели во соопштенеито а ВМРО ДПМНЕ.

За проблемот со прилепскиот загубар Еурокомпозит Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев е овластен да посредува меѓу раководството на претпријатието  и синдикатот и во следниот период двете страни да ги реазлираат својот дел од обврските и претпријатието да продолжи да работи, а вработените да земаат плата.