Влада: Растат платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста

Растат платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста.
Вработените во здравството добија покачување од 5 проценти со мартовската плата исплатена во април, додека платите во образованието за 7 проценти, а на 12.000 полицајци платите се зголемија за дури 10 проценти.
Квалитетното образование е наша цел и токму затоа просветните работници и сите вработени во образованието земаат покачување од 7 проценти, со што конечно се враќа изгубеното достоинство и вреднување на нивниот труд. Платите на сите вработени во образованието до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти.
Воспоставување на ред и поредок на цела територија на државата е наша заложба како Влада. Со покачување на платите на 12.000 вработени службени лица за 10 проценти покажуваме дека сигурноста и безбедноста на граѓаните е најважно.
Понатаму, покачување на платите од 5 проценти добија и вработените во јавните здравствени установи, додека пак за матичните лекари и гинеколози се зголеми капитациониот бод за 33 проценти, односно од 75 на 100 денари, а за стоматолозите се зголеми за 23 проценти односно од 61 на 75 денари. Платите во здравството за четири години ќе се зголемат за дури 50 проценти.
Здравствените работници и медицинските сестри се грижат за здравјето на граѓаните и нивната пожртвуваност мора соодветно да биде вреднувана.
Три најважни сектори- обезбедување на подобар образовен систем, ефикасна и квалитетна здравствена заштита за пациентите и обезбедување ред и поредок се клучни за функционирање на државата но и враќање на довербата на граѓаните.
Затоа, работиме посветено за да придонесеме кон подобрување на целокупната состојба во институциите и системот.
За разлика од претходно, кога растеа функционерските плати, оваа Влада донесе одлука да растат само платите на вработените, но не и на функционерите.
Владата продолжува со водење на одговорна политика. Домаќинското работење носи резултати и поквалитетен живот стандард за сите граѓани.
Ветивме, се обврзавме и испорачуваме за Македонија повторно да биде ваша.
Влада на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
-

Викендов променливо облачно со сончеви периоди
-

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: Секој има право да си праќа писма, но моите чувства за прогон се се посилни
-

Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести
-

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот
-

КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти
-

Барселона вложи нова жалба до УЕФА
-

Англиско полуфинале во Лига Европа
