Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток

Владата денеска преку соопштение реагира на денешните јавни настапи и изјави на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, оценувајќи ги како обид за создавање лажна слика за социјалниот дијалог.
- Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот, се наведува во реакцијата.
Се посочува дека „ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира тој да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати“.
- Социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија. Сите обиди да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат. Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи тој да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации, се истакнува во реакцијата.
Реакцијата следи по денешната објава на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија во која се посочува дека претставниците на Владата не се појавиле во ССМ по повикот од претседателот на ССМ Слободан Трендафилов од петокот.
МИА
Ново на Сител
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
