-->
-->
Влада на РМ: Укажувањата за ликвидација, Заев не ги доведува во релација со Русија
-->

- Владата на Република Македонија преку соопштение нагласува дека премиерот Зоран Заев во интервјуто за црногорскиот медиум во ниту еден момент не ги доведува укажувањата за ликвидација кон него во било каква релација со Руската Федерација.
- Изјавата на претседателот на Владата на Република Македонија за црногорскиот медиум се темели на искуствата од регионот и реакциите на Руската Федерација при зачленувањето на други земји од регионот во НАТО алијансата. Во интервјуто за црногорскиот медиум, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во ниту еден момент не ги доведува укажувањата за ликвидација кон него во било каква релација со Руската Федерација, се нагласува во соопштението кое уследи по реакцијата од Руската амбасада.
Владата истакнува дека е сериозно посветена кон градење пријателски односи и соработка со Руската Федерација на принципиелно демократско ниво.
- Владата на Република Македонија останува целосно на заложбите за реализација на нашите евро-атлантски стремежи и не гледа судир на тие заложби со определбата да ги одржиме добрите односи и со Руската Федерација, се вели бо соопштението на Владата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
