Македонија
19. November 2022 - 12:22

Вкупно 67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 18 упатени на вонреден технички преглед

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, при што се констатирани две кривични дела за возење без лиценца по член 284-а од Кривичниот законик и 65 сообраќајни прекршоци. Од нив осум биле за возење без возачка дозвола, еден за неносење сигурносен појас,…, а на вонреден технички преглед се упатени 18 возила.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.