Вкупно 21 сообраќајка во Скопје во изминатите денови
Во текот на изминатите денови (28, 29 и 30.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 21 сообраќајна незгода од кои три со тешки телесни повреди, девет со телесни повреди и девет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 15 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 53 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 29 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи затоа што биле возачи - почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 24 возила бидејќи 22 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 22 поради неносење пропишана зимска опрема, двајца поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 19 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 184 мандатни платни налози и 131 возило се подигнати со специјално возило "пајак".
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува