-->
-->
Вкупно 172 санкции за брзо возење на територија на цела држава
-->
Во текот на вчерашниот ден (04.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата