„Витаминка“ со донации за лицата со посебни потреби

Пакети со прехранбени производи до лица со посебни потреби донираше компанијата „Витаминка“.
– Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп, информираат од компанијата.
Донацијата, како што наведуваат, е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.
Неодамна, компанијата, како што стои во соопштението, реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.
Ново на Сител
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
