Вистинска драма: По Арачиново пукање и во Сингелиќ

Вистинска драма се одвивала синоќа дваесетина минути пред 23 часот на патот кон селото Сингелиќ кога 25-годишниот Н.И. кој се движел со автомобил, се соочил со голема опасност откако засега непознато лице кон него испукало неколку куршуми, но за среќа, му го оштетиле само возилото.
Инаку, завчера пукање имаше и во Арачиново кога десетина минути пред 23 часот кога 19-годишниот Ј.Б. од Арачиново кој се движел на улица со своето возило, бил попречен во возењето од друго возило. Според податоците од полицијата, од автомобилот излегол 32-годишниот Љ.М. кој го нападнал младото момче со тупаници и извадил пиштол со кој го удирал по главата и телото, а откако во еден момент нападнатиот успеал да избега од канџите на насилникот, тој испукал куршум кој за среќа не го погодил него, туку само му го оштетил воизлото.
Полицијата работи на случајот.
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
