„Вино Скоп 2016“ на нова локација, на плоштадот „Мајка Тереза“
Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп“ почнува в среда, на нова локација-плоштадот „Мајка Тереза“ или платото пред МОБ.
- Фестивалот е поместен на новата локација поради технички причини, информира организаторот „Темов“.
„Вино Скоп“ ќе биде отворен за посетители од 12 часот, а ќе се одржува до 2 октомври. Посетителите во петте фестивалски денови ќе може да дегустираат вино од десет македонски винарии, вински коктели-сангрија и вино мохито. Покрај виното ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.
Годинава во музичката програма ќе има џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери...
- Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде може да паркираат оние кои ќе доаѓаат со возила. Препорачуваме сите кои што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси, соопшти организаторот.
Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен. Покровител е Град Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ