-->
-->
Вимблдон: Четвртфинале за Надал и Ѓоковиќ
-->
Ново четвртфинале за Надал и Ѓоковиќ на Вимблдон. Шпанскиот тенисер во доминантна игра со само 6 загубени гема за неполни два часа го совлада Португалецот Жоао Соуса со што ја потврди својата одлична форма.
Во вистинско светло се претстави и Новак Ѓоковиќ кој исто така во три сета беше подобар од Французинот Амбер кој не успеа да ја мине бројката од три гема во сет.
И додека на машкиот турнир немаше изненадувања на женскиот завршија натпреварите за првиот светски рекет Ешли Барти која во три сета загуби од Американката Алисон Риск.
-->
-->
-->